Предизвикот

Компанијата беше во фаза на проширување на деловните активности и имаше потреба од засилување на комерцијалниот и оперативниот сектор со квалификувани професионалци.

Пронаоѓањето на вистинскиот профил со релевантно FMCG искуство и усогласеност со вредностите  со организацијата претставуваше вистински предизвик за нас. Дополнително, роковите беа ограничени, а целта беше да се задржи висок стандард на селекција без компромиси.

Нашиот Пристап

Длабинско разбирање на организацијата: Тимот на Thrivity одржа серија состаноци со раководството за да ги разбере културните вредности, деловните цели и специфичните очекувања од новите членови на тимот.

Таргетирана регрутација: Наместо класичен пристап со масовни огласи, спроведовме директна потрага (headhunting) на кандидати со релевантно искуство во продажба и дистрибуција на FMCG производи.

Структуриран процес на селекција: Кандидатите поминаа низ повеќестепен процес, вклучувајќи интервјуа засновани на компетенции, проверка на професионална историја и вредносна усогласеност.

Транспарентна и динамична комуникација: Во текот на целиот процес, компанијата добиваше редовни извештаи, препораки и ажурирања, што овозможи брзо донесување на добро информирани одлуки.

Резултатот

Во краток временски период, (1 месец) беа успешно вработени 4 искусни професионалци на клучни позиции, кои:

  • Имаат силно искуство во FMCG секторот
  • Се вклопија во организациската култура од првиот ден
  • Веќе придонесуваат кон стабилноста и растот на бизнисот

Овој процес покажа колку стратешкиот и персонализиран пристап во регрутацијата може да биде клучен фактор за успех, особено за компании со долгогодишна традиција и јасна визија.

Заклучок

Стратешкото партнерство со Thrivity не само што обезбеди квалификувани кандидати, туку и доведе до конкретни бизнис резултати:

  • Овој пример најдобро ја илустрира силата на услугата за регрутирање што ја нуди Thrivity.

Со стратешки пристап, детално разбирање на организацијата и фокус на вредносна усогласеност, успеавме да му помогнеме на клиентот:

  • Да заштеди 30% од HR буџетот, елиминирајќи непотребни трошоци за огласи и долги интерни процеси.
  • Да го скрати процесот на вработување за 50%, благодарение на таргетирана селекција и прецизен избор на кандидати.
  • Да изгради стабилен и продуктивен тим, кој веќе придонесува кон растот на организацијата.

Thrivity покажа дека вистинското партнерство во регрутацијата не е само пронаоѓање на кандидати, туку создавање на реална бизнис вредност преку луѓето.

Thrivity Recruitment Agency – ние градиме тимови кои создаваат резултати.