Зошто ние?

• Квалитет пред квантитет во процесот на регутација
• Вработување во оптимален рок
• Заштеда на време и ресурси
• Персонализирани услуги за секој клиент поединечно
• Експертиза во Recruitment Marketing и Employer Branding
• Дискретност и доверливост во водење на процесите

Тривити користи напредни AI алатки за автоматизација на процесот на регрутација. AI-поддржано за анализа на биографии (CV) и класификација на кандидати. ​

Ова овозможува побрза, попрецизна и ефикасна селекција, обезбедувајќи ви најдобрите таленти прилагодени на вашите потреби.​

Селекција и Профилирање

Ви штедиме време и ресурси кои ви се потребни за да дојдете до потенцијалните кандидати. Следејќи ги насоките кои ни ги давате, ги носиме вистинските луѓе до вашата врата.

Предлагаме за ➡︎ Оперативни работни позиции

Рекрутмент маркетинг план
Иницијално профилирање врз основа на CV
Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
Активно следење на целиот процес до вработување

Привлекување, Селекција и Профилирање

Највисок квалитет во рекрутмент маркетинг и регрутирање со цел промовирање на вредноста на компанијата како работодавач и привлекување, ангажирање и задржување на талентите.

Предлагаме за ➡︎ Оперативни работни позиции – Вработувања со голем обем и/или во краток рок

Повеќемесечен Recruitment Marketing план (промоција на компанијата како место за работа)
Посветен тим на консултанти од областа на регрутација и маркетинг
Иницијално профилирање врз основа на CV
Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
Активно следење на целиот процес до вработување
Регрутирање

Предлагаме квалитет наспроти квантитет. Нашиот уникатен процес на регрутирање ви дава гаранција дека ја носите вистинската одлука при изборот на нов вработен, во оптимален рок.

Предлагаме за ➡︎ Административни позиции и Средно ниво на менаџмент

Рекрутмент маркетинг план
Иницијално профилирање врз основа на CV
Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
Организација и спроведување на второ интервју
DiSC Personality and behavioural assessment (По барање на клиент)
Активна поддршка во процесот до вработување

Можност за период на гаранција 60 дена по вработување
Executive search (Headhunting)

Ги користиме нашите ресурси, професионална мрежа на контакти, искуство во пристапување до пасивните работобаратели, како и експертско знаење при детектирање и привлекување на посакуваните таленти и професионалци.

Предлагаме за ➡︎ Топ менаџмент, IT и Специфични работни позиции

Иницијално профилирање и контакт со кандидати врз основа на истражување
Рекрутмент маркетинг план (по барање на клиент)
Иницијално профилирање врз основа на CV
Интервју за проценка на компетентност, вештини и очекувања
Организација и спроведување на второ интервју
DiSC Personality and behavioural assessment *По барање на клиент
Активна поддршка во процесот до вработување

Период на гаранција 120 дена по вработување
Стандарден оглас

Што добивaте:
Објавување на еден оглас на нашата платформа.
Огласот е активен до 30 дена.
Спонзорирано и таргетирано промовирање на нашите социјални мрежи.
БЕСПЛАТНО: Основен консултантски совет за креирање на оглас.

Неограничено огласување / годишен пакет

Што добивaте:
Неограничен број на огласи на нашата платформа за 1 година (од моментот на првиот оглас).
Секој оглас е активен до 30 дена.
Спонзорирано и таргетирано промовирање на 20 огласи на социјалните мрежи.
БЕСПЛАТНО: Обука за користење на Тривити платфрома за регрутирање.
Политика на фер користење, не повеќе од 8 огласи на месечно ниво
Дизајни 

Правила на фер соработка

За да бидеме сигурни дека ќе бидеме усогласени (на иста линија) во текот на целиот процес, ги почитуваме следните 3 правила:

1. Договор си е договор – Ние сме целосно посветени во работата и секогаш даваме 100%, но потребно е и вие да го правите истото. Само на тој начин ќе изградиме партнерски однос и ќе бидеме успешни заедно. Затоа најдобриот начин е однапред да ги договориме сите услови на соработката и доследно да ги почитуваме до крај на целиот процес.

2. Искреноста е најдобрата доблест – Нашата девиза секогаш е квалитет пред квантитет, нудиме искреност и транспарентност. Со нас нема скриени агенди, ниту пак напумпани CV-ја и лажни огласи. Фер е да кажеме дека истото го очекуваме и од другата страна.

3. Кој рано рани… – Во денешно време нема недостаток од можности за најдобрите таленти. Изборот е во нивни раце и не треба долго време за да донесат одлука. Затоа покрај квалитетот важна е и брзината, не само од наша страна, туку и од ваша.

Наши клиенти

Знаеме, понекогаш е потребно повеќе од листа на компании со кои соработуваме за да ве убеди да ни ја дадете довербата.

Прочитајте дел од коментарите на нашите клиенти.